wordpress counter

Имајте тегла мед резерва!

ИМАЈТЕ ТЕГЛА МЕД РЕЗЕРВА!

Овој сладок, вкусен и густ производ сѐ уште е еден од најважните за нашето здравје. Не само што е одличен засладувач, туку содржи и минерали, аминокиселини, многу значајни органски киселини (мравја, јаболкова, лимонска, оцетна), разни деривати на хлорофил, како и елементи од комплексот на Б витаминот.

Една лажица мед содржи 64 калории и е одличен извор на едноставни јаглехидрати – глукоза и фруктоза кои служат за создавање на енергија, додека неговото долготрајно консумирање ќе донесе физичка издржливост и психичка стабилност.

Кога го земате комбинирано со некој пијалак, на пример чај, мора да внимавате течноста да не е премногу врела затоа што на тој начин ќе се изгубат неговите лековити својства. Доколку го земате без ништо, тогаш најдобро е малку да го задржите во уста со цел да се стопи и да може организмот целосно да го искористи.

Дава одлични резултати при мамурлак, болки во грлото, несоница, мигрена, изгореници и исеченици.

Related Posts with Thumbnails