wordpress counter

Кајсија – најдобра заштита од сонце

Кајсијата е еден од плодовите кои го красат летото. Со нивна секојдневна консумација ќе ја заштите својата кожа на најприроден можен начин. Причината е витаминот А кој го има во изобилство. Една од неговите улоги е да ве заштити од сонце, загаден воздух и други штетни влијанија.

Препораката е да се јадат барем три кајсии деневно за да се задоволи потребата од каротен во организмот. Сега можете да ги јадете свежи, додека надвор од сезона и смрзнати, суви или во компот.

Од кајсијата може да се приготват и корисни маски за лице. Една од нив се подготвува на следниот начин: земете три свежи кајсии, една голема лажица павлака или јогурт и малку сок од лимон. Измешајте ги сите три состојки со миксер. Смесата нанесете ја на кожа и оставете да делува 20-тина минути. На овој начин вашата кожа ќе добие на свежина.

Related Posts with Thumbnails