wordpress counter

Како да ја замените нездравата храна (1 дел)

Секојдневно, на секој чекор сме изложени на таканаречената „јunk“ храна. Буквално од секој агол на улица, од секој тв применик или друг уред, ни искокнува реклама за овој вид на храна. Нејзиното погубно влијание врз нашето здравје ни е добро познато. Затоа Гурман™, во два дела од статијата, ќе ви понуди здрава и вкусна замена за овој вид на храна.

Колачи
Замена: сушено овошје

Колачите и бонбоните се сериозно лоша храна. Преполни со нездрав рафиниран шеќер, тие не можат да му понудат на нашето тело ништо од она што му е потребно. Нема влакна, винтамини, минерали, протеини. Затоа, обидете се да им најдете алтернатива во сушените овошја. Денес барем има голем избор – кајсии, сливи, брусници, ананас, папаја, гуава, смокви…

Чоколадо
Замена: органско темно чоколадо

Да не се лажеме – сите обожуваме чоколадо. Но, проблемот е во тоа што чоколадото содржи многу калории, рафиниран шеќер и заситени масти, или поточно – сѐ она што не треба да му го понудиме на нашиот организам. Затоа, наместо обичното, купете органско темно чоколадо. На тој начин, ќе ги внесете толку потребните флавоноиди.

Торта
Замена: милиброд или леб со интегрално брашно

Веројатно нема двоумење дека самиот ѓавол е татко на тортата. Десерт од кој буквално тече рафиниран шеќер и кој има 300 калории по едно парче. А, најважно од сѐ е дека речиси и да не содржи протеини или влакна. Нејзина еднакво вкусна замена може да биде лебот или милибродот од интегрално брашно, сушено овошје и јаткасти плодови.

Related Posts with Thumbnails