wordpress counter

Како да ја замените нездравата храна (2 дел)

Во првиот дел наведовме здрава и вкусна замена за колачи, чоколадо и торта. Сега ќе предложиме такви алтернативи за енергетските пијалаци, помфритот, сладоледот и киселата вода.

Помфрит
Замена: печен компир

Помфритот е милениче на брзата храна. Вкусен е, но е преполн со калории, масти и натриум. Не велиме дека треба засекогаш да го исфрлите од исхраната, ама најдобро е да го сведете на минимум. Наместо него, подгответе или нарачјте потпечен компир во рерна. Уште ако можете да најдете слатки компири богати со антиоксиданси, вашето тело ќе заигра од среќа.

Енергетски пијалаци
Замена: спортски пијалаци со малку калории

Енергетските пијалаци се познати по количеството на шеќер и бројот на калории кои ги содржат. Имаат и повеќе кофеин од потребното, што може да предизвика несоница и нервоза. Затоа, свртете се кон спортските пијалаци со малку калории.

Сода или кисела вода
замена: минерална вода со лимон

Повеќето соди немаат никаква хранлива вредност. Но и покрај тоа, пиењето сода може да води кон расипување на забите, дебелина, дијабет. Наместо неа, обидете се да уживате во чаша минерална вода, украсена со лимон или лимета. Барем тој плод е богат со витамин Ц и состојки кои делуваат антиканцерогено.

Сладолед
замена: органски пробиотски јогурт

Знаеме дека сладоледот е неверојатно вкусен, особено во летните месеци. Но, треба да ја избегнете оваа ноќна мора полна со калории и одберете пробиотски органски јогурт. Јогуртот е полн со калциум и го одржува здравјето на дигестивниот систем.

Related Posts with Thumbnails