wordpress counter

Како да се избегне јо-јо ефектот кај диетите? (1 дел)

Јо-јо ефектот подразбира примена на најразлични диети и потоа враќање на првобитната состојба. Значи – многу мачење, а никаков резултат. Колку е поограничувачка диетата, толку овој ефект е поизразен. Оваа статија е наменета токму за да го разреши овој проблем.

Главен виновник за враќање на килограмите е нашиот мозок. Кога сме на диета, мозокот „знае“ дека се намалува уделот на масно ткиво и се труди да го врати тој удел во првобитната состојба. Еден од начините за тоа е да го забави метаболизмот.

Во исто време, тој постојано мисли на храна и се зајакнува чувството за глад. Колку една диета е порестриктивна, толку овој ефект е поизразен. Затоа, прв чекор кон долгорочно стекнување на витка линија е квалитетна програма за слабеење, а не помодарски диети.

Здравите навики кои сме ги стекнале во процесот на слабеење не смеат да исчезнат со прекинување на диетата. Секако дека може да се јаде малку повеќе отколку кога сме биле на диета, но клучот е во здравиот и активен живот.

Значи и по диетата, храната треба да се базира на интегрални житарки, овошје, зеленчук, нискомаслени млечни производи, месо од живина и риба. Запомнете: диетата или определениот начин на исхрана не трае само определен период. Потребно е целосно менување ако се сакаат резултати.

Related Posts with Thumbnails