wordpress counter

Како да се избегне јо-јо ефектот кај диетите? (2 дел)

Јо-јо ефектот е мошне честа појава кај диетите. Станува збор за враќање на килажата определен период по завршување на диетата. Во првиот дел наведовме зошто тоа се случува и некои совети како да се избегне. Сега продолжуваме со советите како да се избегне овој ефект.

Појадок
Редовниот појадок е клуч на успехот во одржување на постигнатата телесна тежина. Најдобро е тој да се состои од интегрални житарки или интегрален леб како извор на сложени јаглехидрати, потоа млеко, млечни производи и јајца како извор на протеини и овошје како извор на витамини, минерали и фитохемикалии.

Вежби
Редовните физички вежби се важен начин за спречување на враќањето на килограмите. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои ја намалиле и ја одржале новата, помала тежина, вежбале околу 5 часа неделно или 40-тина минути дневно. Експертите сметаат дека е сосема доволно да се вежба 20-30 минути дневно.

Дополнителни стратегии
Пишување на дневник на исхрана – со запишување на сè она што сте го изеле во текот на денот можете да го пресметате внесот на калории и да го ограничите.

Мерење на тежина еднаш неделно – бројките на вагата може да се покажат како одличен мотиватор во борба против вишокот килограми.

Јакнење на самодовербата – со засилување на самодовербата, ја намалувате можноста за емотивно хранење.

Групна подршка – пронаоѓање на луѓе кои се во слична ситуација. На тој начин, заеднички, полесно ќе минете низ сите проблеми.

Related Posts with Thumbnails