wordpress counter

Како до правилна диета (1 дел)

Промената во големината на оброците е најчестата причина за ширење на една од најголемите опасности на современиот живот – преголемата телесна тежина. Прејадувањето и неправилната комбинација на продукти се фактори кои делуваат на влошување на состојбата. Затоа, ви предлагаме неколку важни совети, со цел да ги намалите оборците, а сепак да се чувствувате сити и задоволни.

Времето е клучот
Ако сте изеле доволно, а и натаму се чувствувате гладни, тогаш оставете да поминат барем 10-тина минути. Во просек, толку време е потребно сигналот од стомакот да се прими и обработи од мозокот. Разговарајте, прочитајте весник или прошетајте по дома. Ако и покрај тоа сте гладни, тогаш пробајте да го смирите гладот со некаков вегетаријански оброк или салата.

Помала порција или чинија
Обидете се да јадете од помали чинии. Тоа ќе ви даде чувство дека сте изеле цела чинија и побргу ќе ве направи сити.

Никогаш не јадете директно од амбалажа
Порцијата ставете ја на чинија, седнете и јадете пополека.

Ако, сепак, сакате голема порција…
Ако сакате пред вас голема порција и чинија, тогаш земете таква и наполнете ја со салати и зеленчук. Оваа храна, која е богата со вода, малку маснотии и калории и да е сервирана во голема порција – нема да биде проблем.

Related Posts with Thumbnails