wordpress counter

Како хранливото да се претвори во вкусно?

Да се јаде здраво не значи дека мора да се јаде невкусно. Готвачот Роберт Ирвајн ни дава неколку насоки кои би требало да ги следиме за хранливото да стане и вкусно. Да ги видиме насоките на славниот готвач.

Здравата исхрана се темели на рамнотежа на разновидни продукти.

Вкусните, здрави јадења не треба да бидат комплицирани и не мора да содржат главно јадење и два прилога.

Не мора да се одрекувате од ништо. Можете секој ден да јадете пржено, но важно е кога го јадете, што јадете помеѓу главните оброци и колку вежбате.

Кога приготвувате јадење, добро загрејте ја тавата. Топлината ќе делува на протеините, но нема да ги уништи и во тој случај ќе ви биде потребно помалку време за готвење.

Кујнските апарати се најдобрите помошници. Најважен од сите е блендерот.

Не го уништувајте зеленчукот. За да се свари, потребни се само неколку минути. На тој начин, ќе ги сочувате хранливите состојки.

Продуктите кои го засилуваат вкусот, како оцет, ѓумбир, наут и слично, можете слободно да ги користите во салати, супи, чорби.

Не претерувајте. Здравата исхрана не подразбира секој ден јадење едни исти работи (на пример пилешко и зелена салата). Важно е храната да биде разновидна.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Како со храна да го подобрите расположението?

Психологот Дру Ремзи работел во екипа со повеќе нутриционисти со цел да го увиди влијанието на храната врз расположението. Притоа,...

Close