wordpress counter

Каква диета, таков сон

Она што го консумираме пред да одиме во кревет, без оглед дали е храна или пијалак, има многу поголемо влијание врз сонот отколку што ние мислиме. Имено, дали ќе имате убав и мирен сон или ноќ полна со превртување и станување, зависи од следниве фактори:

Лесна ужина пред спиење
Премногу или воопшто не внесување на храна во вечерните часови може да делува непријатно на квалитетот на сонот. Затоа, лесна ужинка е најдоброто решение.

Алкохолот е меч со две острици
Малку алкохол може да ви помогне полесно да заспиете. Но, како што алкохолот поминува низ метаболизмот, така и сонот може да стане исецкан. Едно е сигурно – алкохолот ја влошува состојбата со несоницата.

Многу масти – лош сон
Оброците со многу масти или храна која ви предизвикува киселини ќе предизвикаат проблеми во спиењето. Знаеме дека е тешко, но обидете се да ја избегнете таа храна во вечерните часови.

Избегнувајте многу течности
Пиењето многу течности пред да одите во кревет ќе направи неколку пати да го посетите тоалетот и на тој начин да се уништи квалитетот на сонот.

Мед и млеко
Не за џабе велиме за некоја убава работа дека е мед и млеко. Одлична комбинација која делува како сон. Млекото содржи триптофан, кој го зголемува нивото на серотонин, кој е природен седатив. Милк шејк од банана е одличен избор за лесна вечера.

Related Posts with Thumbnails