wordpress counter

Калциумот и млекото

КАЛЦИУМОТ И МЛЕКОТОНе е никаква новост дека калциумот е важен за правилен развој на коските. Земањето на доволна количина на калциум во текот на детството и потоа во зрелоста помага да се изградат коските и потоа да се спречи нивното брзо трошење.

Знаеме и дека млекото е основен извор на калциум. Но, сепак, треба да имаме предвид дека млекото и млечните производи не се најкорисен извор на калциум за сите луѓе подеднакво. Точно е дека калциумот и млечните производи значајно го намалуваат ризикот од остеопороза и рак на дебелото црево, но ако продолжи долго време големиот внос на овие производи го зголемува ризикот од рак на простата.

Затоа, понекогаш може да се консумираат и не-млечни производи, кои се извор на калциум како што се млеко од соја, печени мешунки, кел или кинеска зелка.

Related Posts with Thumbnails