wordpress counter

Калориите може да ги избегнете со вдишување на храната

Во светот постојат две направи кои се познати како „Lе Whaf“. Станува збор за апарати слични на аквариум за риби. Во нив се става храна и со вдишување на истата внесувате само незначителен број на калории, што ќе ни овозможи уживање и во најкалоричните оброци без да имаме грижа на совеста.

Апаратот функционира така што се наведнувате со главата над аквариумот, земате стаклена цевка во уста, додека магливи облаци храна ви се внесуваат во лицето, а во устата ви се појавува вкусот на храната која ја мирисате.

Оваа магична направа е резултат на долгодошна работа на повеќе научници од Харвард. Покрај храна, на овој начин може да се консумира и алкохол. Потребно е само да налиете пијалак во мал сад во подножјето на апаратот.

Машината функционира така што на почетокот се притиснува прекинувачот и набрзо ќе започне да емитува ситни капки во облик на пареа во стаклен сад. Од таму пареата излегува низ еден отвор. Апаратот работи на посебни пизоелектрични кристали кои вибрираат и така се создаваат ултразвучни бранови. Тие создаваат низок и висок притисок, кој течноста ја претвора во ситни меурчиња, кои потоа се трансформираат во капки и на крај во пареа.

Продажбата на овој уред се планира да започне во Франција оваа есен, по цена од 6.000 денари.

Related Posts with Thumbnails