wordpress counter

Киа семки за сите што сакаат да ослабнат

Киа сем­ките се нави­стина супер­храна. Денес, веќе се тре­ти­раат како магична храна. Содр­жат важни анти­ок­си­данси и ја подо­бру­ваат сев­ку­пната состојба на орга­ни­змот и него­вата издр­жли­вост. Сето тоа ги прави одлична храна за пери­о­дот на вежбање.

Кога сем­ките од киа ќе ги ста­вите во вода, се отва­раат и може да собе­рат вода 12 пати повеќе од нив­ната тежина. Ако сем­ките ги оста­вите во вода околу 30-тина минути, ќе се создаде густа смеса како жела­тин. Науч­ни­ците сме­таат дека тоа се слу­чува и во нашиот сто­мак кога кон­су­ми­раме вакви семки. Тој гел создава физичка бари­ера помеѓу јагле­хи­дра­тите и диге­стив­ните ензими и на тој начин се заба­вува пре­тво­ра­њето на јагле­хи­дра­тите во шеќери.

Освен тоа, киа сем­ките се извор на есен­ци­ја­лни масни кисе­лини (омега 3 и 6), про­те­ини, дие­тет­ски влакна и дури пет пати повеќе калциум отко­лку мле­кото. Она што е осо­бено зна­чајно е дека јагле­хи­дра­тите во сем­ките се отпу­штаат посте­пено и поради тоа ни даваат чув­ство на ситост подолг период. Тоа е добар трик за сите оние кои сакаат да сла­беат. Киа сем­ките лесно се варат, па затоа е важно да се кон­су­ми­раат пред напорни физички актив­но­сти.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во ЗДРАВЈЕ