wordpress counter

Киселите бонбони се штетни за нашите заби

Доколку патите од кариес и често расипување на вашите заби, голема е веројатноста дека причинителот може да лежи во киселите бонбони кои сте ги јаделе како деца или сѐ уште ги консумирате. Тие се штетни речиси еднакво како киселината од акумулаторот. Од каде доаѓа овој податок?

Имено, чистата вода има pH вредност 7, што претставува неутрално ниво на киселост. Кога pH вредноста ќе опадне на 4, започнува да се уништува забната глеѓ. Токму уништувањето на забната глеѓ е главниот причинител за дел од забните заболувања.

Забната глеѓ е најцврстата супстанца во нашиот организам. Во нејзиниот состав, дури 96% се минерали. На пример, мошне популарните кисели гумени бонбони, имаат pH вредност 3, додека голем дел и од нив имаат pH вредност која е помала и од 2.

На фотографијата подолу ќе можете да погледнете кои од популарните бонбони во САД, колкава pH вредност имаат и како тоа делува на здравјето на нашите заби:

Related Posts with Thumbnails