wordpress counter

Кивито замена за масло за јадење

Колку и да звучи неверојатно, специјализираната интернационална компанија за додатоци во исхраната „Stratum Nutrition“ произведе пектин паста од киви. Она што е најинтересно е дека оваа паста може да замени дури 90 проценти од мастите кои се користат во готвењето. Главна причината за тоа е една состојка која се наоѓа во овој плод и која може да биде замена за маст при приготвување на јадењата.

Овој производ не содржи глутен, не е генетски модифициран, нема конзерванси и не содржи вештачки адитиви. Содржи големи количини на витамин Ц, калиум и диететски влакна. Оваа паста ќе можат да ја користат сите оние кои сакаат да го намалат внесувањето на шеќери, масти и калории во организмот.

Киви пастата представува замена за путер, млечни масти, јајца и масло за готвење. Со неа ќе можете да печете леб, пити, печива, колачи, месо. Ќе можете да ја додавате во супи, салати и други јадења. Ние сме нација која ужива во масната храна, па еве еден начин како да ја намалиме опасноста од таквата исхрана. Останува да видиме како овој производ ќе се пласира на нашиот пазар.

Related Posts with Thumbnails