wordpress counter

Кое е најопасното место во вашиот фрижидер?

Убаво е кога нашиот фрижидер е полн со продукти и кога можеме да направиме комбинации во кои нашите непца ќе уживаат. Но, мораме да имаме предвид дека во секој фрижидер има бројни бактерии, па дури може да се кријат и некои од најопасните како салмонела и листерија.

Еден тест, кој е спроведен на 30-тина фрижидери, покажува дека во фиоките има преку 7.800 бактерии на квадратен сантиметар. Во некои од најнечистите фрижидери имало и преку 130.000 микроорганизми на таа мала територија. За споредба, според европските стандарди, храната е здрава ако не содржи повеќе од 10 микрорганизми. Да заклучиме, фоиките се најопасните места во вашиот фрижидер.

Истражувачите се вчудоневидени од овие резултати, секако ако земеме предвид дека фрижидерот треба да ја сочува храната. Резултатите се сосема спротивни од намената на фрижидерот. Така, доаѓаме до прашањето за мрзеливите сопственици на овие уреди.

Кога бактеријата ќе влезе во фрижидерот, ќе започне да се размножува и потоа настануваат проблеми. Затоа, чистењето на фрижидерот е една од најважните активности во кујната, колку и да звучи досадно тоа.

Во меѓувреме, производителите на фрижидери направија модели кои се опремени со филтри против микроорганизми и други заштитини средства кои спречуваат бактериите да водат оро во вашиот фрижидер. Сепак, дури и со тие карактеристики, чистењето е неопходно.

Related Posts with Thumbnails