wordpress counter

Колку е точно дека производот „не содржи глутен“

Глутенот е протеин кој се додава во многу производи, за да се постигне нивна цврстина и еластичност. Го содржат речиси сите производи кои ги купуваме секој ден, како што се леб, кечап, колачи, сладолед и слично.

Но, глутенот знае да предизвикува и сериони здравствени пробелми. Имено, кај сѐ повеќе луѓе се појавува болеста целијакија. Тоа е автоимуна болест која е карактеристична по нетолерантноста на организмот на глутен. Поради тоа, сѐ почесто на производите можеме да го најдеме терминот „без глутен“.

Сепак, секогаш се запрашуваме колку тоа е вистина. Во 2004-та година, Министерството за здравство на САД побарало од интернационална компанија за декларации за храна да го дефинира терминот „не содржи глутен“ и за тоа даде рок до 2008. Иако, рокот одамна помина, сѐ уште не е конкретно дефиниран овој термин. Доколку ја прочитате декларација на повеќето производи на кои е истакнато дека не содржат глутен, ќе видите дека имаат глутен во мал процент или во траги. Дури и тоа мало количество е доволно да им наштети на заболените од целијакија.

Често се случува да пишува на декларацијата на производот дека не содржи глутен, а доколку го однесете на испитување, сепак ќе најдете негови траги. Продажбата на овие таканаречени „без глутенски производи“ во последните 3 години порасна за 80 проценти.

Единствено што можеме да заклучиме е дека засега нема ниту еден производ за кој со 100% сигурност може да се каже дека не содржи глутен. Останува целата ситуација да се разреши со строга законска регулатива и на тој начин да се заштити здравјето на сите кои имаат проблем со оваа состојка.

Related Posts with Thumbnails