wordpress counter

Колку калциум му е потребно на нашето тело (1 дел)

Калциумот е најзастапениот минерал во нашиот организам. Го има помеѓу 1 и 1.5 килограм, главно во коските и во забите. Поголем дел од калциумот кој го внесуваме доаѓа од млечните производи. Други извори на калциум се лосос, алги, зелен зеленчук, сушено овошје, јаткасти плодови, сардини и тофу.

Дневно препорачаната количина на калциум кој треба да се внесе изнесува 800-1.000 мг за возрасни лица. Оваа количина е еднаква на три големи чаши млеко. Како и да е, со балансирана исхрана може да се внесе дневната количина, иако понекогаш е потребно да се користат и додатоци кон исхраната.

Адекватниот внес на калциум е најважен за време на детството и адолесценцијата. Истражувањата покажуваат дека тоа никогаш не е случај. Затоа, вниманието на родителите треба да е свртено кон ова мошне важно прашање.

Но ако не можете да ја внесете потребната количина преку редовна исхрана, тогаш треба да ги искористите додатоците на исхраната. Одберете додатоци со калциум кои можат да бидат во облик на карбонати, лактати, глуконати, цитрати.

Related Posts with Thumbnails