wordpress counter

Колку калциум му е потребно на нашето тело (2 дел)

Во првиот дел од статијата наведовме колкава количина на калциум му е потребна на нашиот организам и која храна е извор на овој најважен минерал за нас. Денес продолжуваме со уште неколку мошне важни информации за минералот кој е најприсутен во нашиот организам.

Киселите продукти, лактозата и маснотиите кои го продолжуваат времето на поминување низ органите за варење, овозможуваат поуспешна апсорпција на калциумот. Обратен е случајот со оксалатите и прехранбените влакна. Затоа, и овие продукти (како зелен зеленчук) не се сметаат за добар извор на калциум. Покрај тоа, апсорпцијата е намалена ако се земаат високи дози одеднаш. Ако станува збор за суплементи на калциум, најдобро е тие да се земаат пред спиење.

Интересно е дека калциумот и витаминот Д делуваат синергиски и го намалуваат ризикот од скршеници и затоа се препорачува да се внесуваат заедно. Суплементите на калциум и витамин Д делуваат ефикасно и не се штетни.

Што се случува со внес на поголема доза калциум?
Главно, при поголем внес на калциум, доаѓа до надуеност и појава на гасови. Освен лицата со проблеми кај штитната жлезда и бубрезите, сите други може слободно да внесуваат калциум.

Related Posts with Thumbnails