wordpress counter

Колку луѓе – толку диети

ДИЕТИ

Еве еден текст за сите оние кои се подготвуваат за откажување од диета бидејќи и покрај сите напори – видливи резултати нема! Сите сме се нашле во ситуација да го мразиме броењето калории или пак јадењето кое ни следува според диетата за утрешниот ден. Токму поради немањето желба да се следат правилата на диетата и резултатите се слаби, или во најголем број случаи не постојат. Затоа, главниот совет ќе биде: престанете да се форсисрате себеси со невозможни и тешко остварливи програми за намалување на телесната тежина кои едноставно не ви носат и нема да ви донесат резултати. Наместо тоа побарајте диета која најмногу ќе одговара на вашата личност. Не велиме дека ќе уживате додека ја спроведувате (таква диета не постои), но сепак, нејзината примена ќе ви создава помалку отпор и секако ќе има поголема веројатност да ги донесе посакуваните резултати.

– „Не постои една диета која може да му одговара на секој” се зборови на еден од најголемите познавачи на оваа проблематика, специјалистот за диететски програми – Џоан Ларсен од Чикаго. Кога ќе пронајдете програма која најмногу одговара на вашиот личен вкус (она што преферирате или не преферирате да го јадете) и на вашиот животен стил (дали приготвувате храна дома или им оставате на рестораните да ја смират вашата глад), сте завршиле половина од работата. Втората половина е видот и начинот на консумирање на храната.

Гурман™ се потруди да пронајде една таква диета. Диета која можете самостојно да ја прилагодувате на вашите потреби и желби.

ЈАДЕТЕ ЦЕЛ ДЕН: ABS ДИЕТА ЗА ЖЕНИ

ABS ДИЕТАЈадете 6 пати дневно – средно голем појадок, ручек и вечера, како и три мали ужинки два часа по секој од главните оброци. Тоа, според оваа диета, значи дека никогаш нема да бидете гладни во текот на спроведувањето и нема да паднете во искушение една вечер да ја напуштите диетата и да се најадете за 5 дена однапред. Финтата е: секогаш кога јадете, тоа да биде една од 12-те т.н „видови храна со енергија”. Тоа се продукти кои претежно имаат ниско количество на масти. Во оваа група спаѓаат:

• бадеми (и останати јаткасти плодови)
• грав и грашок
(и останати мешункасти растенија)
• спанаќ
(и останати зелени производи)
• млечни производи
• инстант оброк со житарки
• јајца
• мисирка
• путер од кикиритки
• маслиново масло
• зрнести култури
• екстра протеини
(протеини во прав додадени во шејк)
• малини
(и останати шумски плодови)

Покрај начинот на исхрана, оваа програма вклучува и редовен тренинг и вежби во траење од 20-тина минути, 3-4 пати неделно. На тој начин, ќе почнете да се ослободувате од масните наслаги во стомачниот дел, кои многу често може да бидат причина за срцеви заболувања.

Како да ја консумирате храната?
Секој оброк мора да содржи барем две, додека ужинките барем една од наброената „супер храна”. Еве еден предлог од Гурман™, за еден ден: за главните оброци би можеле да подготвите: омлет со спанаќ, сендвич од мисиркино месо и колач од некоја зрнеста култура, додека за меѓуоброците: јогурт од боровинки, ниско-калорично сирење и јаткасти плодови.

Оваа програма е насочена кон она што смеете да го јадете, а не кон она што не ви е дозволено. Затоа и се вели дека има позитивен пристап. Најдоброто кај оваа диета е тоа што ви дава целосна слобода самите да одлучите што ќе јадете и кој оброк што ќе содржи. Значи, не постои строго придржување кон правила како што е кај другите диети. Затоа можеме да кажеме дека оваа диета има „човечки лик”. Но, како и да е, треба да се бидете внимателни, бидејќи токму во таа слобода се наоѓа и стапицата за искушенијата.

За сите оние кои би сакале да симнат некој килограм и да го израмнат својот стомак, ова може да биде мошне пријатен и едноставен начин да се постигнат саканите резултати. Со среќа!

Related Posts with Thumbnails