Kорисни трикови за вашето здравје (1 дел)
Иако секојдневно сме бомбардирани со најразлични информации и совети за нашето здравје, ние се потрудивме да одвоиме неколку од нив кои се навистина значајни и помалку познати.
Волумен
½ хамбургер содржи 200 калории, исто колку и половина килограм киви. Но, храната која има поголем волумен предизвикува подолготрајна ситост.
Скали наместо лифт
Ако секој ден се откажете од лифтот и наместо него користите скали, во текот на една година може да изгубите околу 3 килограми.
Цимет
Ако попрскате малку цимет врз јадењето, тоа ќе го продолжи чувството на ситост. Покрај тоа, овој зачин ги намалува нивото на шеќер и холестерол.
Начин на подготовка на храната
Начинот на подготовка е мошне важен. 150 гр пржени компири содржат 305 калории и 21 гр масти, додека истата количина варени компири има 107 калории и само 0.2 гр масти.
Прескокнување на оброци
Докажано е дека секој кој ќе прескокне еден оброк, за време на следниот оброк јаде многу повеќе отколку што би јадел. ●










Коментари