wordpress counter

Козметика од фрижидер (1 дел)

Овошјето и зеленчукот се одлично средство за подготвување на најразлични маски и лосиони за лице и врат. Важно е при правењето на домашната козметика, плодовите да бидат што е можно поситни и маските кои ќе ги приготвите треба да се нанесат на исчистена кожа. Избегнувајте го подрачјето околу очите и усните.

Доколку сте алергични на некој плод, посоветувајте се со лекар.

Маска од малини за сјаен тен
Иситнете 75 гр малини со миксер и процедете ги низ ситна цедалка, за да добиете мазна смеса. Додадете две лажици јогурт и три капки масло од портокал. Измешајте добро. Маската се нанесува на чисто лице и се остава да делува околу 15 минути. Потоа, отстранете ја со памук натопен во млака вода. На крај, измијте го лицето со млака вода.

Холивудска маска за лице
Две лажици пченкарано брашно се мешаат со белка од јајце. Смесата се нанесува на кожа и се остава да делува 15-20 минути. Исушената маска се отстранува со памук или газа. Измијте го лицето првин со топла вода, а потоа со студена.

Крема од авокадо против брчки
Плодот од зрело авокадо се ситни со миксер, се додаваат пет лажици јогурт и убаво се меша. На крајот додадете 5 капки сок од лимон. Кремата се нанесува на чиста кожа и нежно се мачка. Се става подебел слој. Се отстранува со газа, по 15-тина минути.

Против подочници
Свеж компир се сече на кругови, се витка во газа и се става под очите. Оставете да отстои 15-20 минути. Потоа, нанесете хидратантна крема.

Маска за масна кожа со јогурт и млеко
Се мешаат јогурт (или млеко) и малку морска сол. Солта треба да се раствори во млечниот производ. Се става првин парче газа, а потоа смесата. Се остава да делува 10 минути, а потоа лицето се мие со топла вода или камилица.

Маска од јагоди за сува кожа
Изгмечете ги јагодите и измешајте ги со една лажица слатка павлака. Смесата нанесете ја на лицето и оставете да делува 20 минути. Се отстранува со газа натопена во неварено млеко. Оваа постапка е за сува кожа или кожа со капилари затоа што ја храни, освежува и измазнува кожата.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Ресторани со прекрасен поглед и кујна (1 дел)

Кога се прават вакви списоци, обично се оценува само погледот од ресторанот. Списанието „Food and Wine“ нарави попис на ресторани...

Close