wordpress counter

Козметика од фрижидер (2 дел)

Во првиот дел ви дадовме предлози за неколку маски за лице и врат кои се подготвени исклучиво од продукти кои може да се најдат во сечиј фрижидер. Денес ви претставуваме уште 4 такви предлози.

Лосион од краставица за сува кожа
Излупете и изрендајте една краставица. Плодот иситнете го преку цедалка и потоа преку газа. Измешајте ја добиената течност со 60 мл сок од моркови и 30 мл масло од бадем. Се нанесува на лицето со памук.

Тоник од круши
Изгмечете една поголема круша, додадете две големи лажици сок од лимон и мешајте за да добиете еднолична смеса. Се нанесува на чисто лице и се остава да делува 10 минути. Се користи како тоник за лице.

Маска од тиквици
Насечкајте ја тиквицата на тенки кругови и наредете ги на лицето и вратот. Оставете да делуваат 20 минути. Потоа, измијте ја кожата убаво со топла вода. Ова е одлична маска за сува кожа.

Банана против брчки
Бананата е овошје кое одлично делува против брчки. Оние кои имаат чувствителна кожа, бананата треба да ја вмасираат во лицето. Антиоксидансите и витамините од бананата го обновуваат колагенот на кожата и со тоа делуваат против брчки.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Домашна „Нутела“

Знаеме дека „Нутела“ е едно од омилените слатки на секој од нас. Некои би го дале и животот за неа...

Close