wordpress counter

Леб од хељда

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (11 гласа, просек: 3,55 од 5)


Првиот рецепт за сирова храна го посветуваме на лебот од хељда.

Многу лекари докажале дека хељдата е идеален продукт за приготвување на природно здрави и диетални јадења. Таа помага и во лекување на многу здравствени проблеми.

Белковините од хељдата се поквалитетни од белковините на другите житарки и полесно се сварливи. Затоа е многу корисна за органите за варење. Го подобрува варењето на храната и работата на цревата.

Хељдата содржи и витамин Б1 и Б2, како и витамин П, кој е одличен за јакнење на крвните садови. Им се препорачува на пациентите со кардиоваскуларни заболувања и висок крвен притисок.

Хељдата ги ублажува несаканите ефекти од хемотерапијата или радиотерапијата.

Истражувањата покажале дека застапеноста на оваа намирница во секојдневната исхрана помага во превенцијата на шеќерната болест и болестите на кардиоваскуларниот систем. Во 100 грама плод на хељда има 335 калории, 72% јаглехидрати, 12% белковини, 2,4% растително масло и 25% расителни влакна (добри за намалување на телесната тежина).

Леб од хељда

СОСТОЈКИ
• 200 гр хељда
• 50 гр вода
• 50 гр семки
• 1 лажица сол
• 2 лажица масло за јадење

ПРИГОТВУВАЊЕ
Хељдата (истото важи и за другите житарки) ја купуваме во сирова форма и ја мелеме тогаш кога сакаме да ја користиме. Ја мелеме во мелница за кафе, сѐ додека не добие структура на брашно. Потоа, ја ставаме во вода да кисне. Колку подолго ја киснеме, толку повкусен леб ќе добиеме. Најдобро е да стои 8 часа, односно да преноќи. Откиснатата хељда ја ставаме во блендер, каде додаваме сол (во оваа исхрана користиме хималајска сол), зачини по избор и семки по избор (тиква, сончоглед, лен, сусам). Смесата се мати во блендерот 2-3 минути. Се додава една лажица масло и се става на хартија за печење. Се поросува со сусам и се суши околу 4 часа.

.

Овошен леб од хељда

СОСТОЈКИ
• 200 гр хељда
• 50 гр вода
• 50 гр суво грозје, урми или суви смокви
• 2 лажици засладувач (препорачуваме стевија, но може и мед)
• 2 лажици масло за јадење

ПРИГОТВУВАЊЕ
Постапката за приготвување на овошен леб од хељда е иста како и за солениот леб.

Related Posts with Thumbnails