wordpress counter

Лекови на природна база (2 дел)

Сладунецот и зелената банана се одличен природен лек кога се во прашање кашлицата и каснувањата од инсекти. Во овој дел ќе се запознаеме со природните лекови за болки во мускулите, артритис и проблеми со варењето.

Болки во мускулите
Чили и сенфот делуваат и како локален анестетик и како лек кој продира длабоко со цел да ги намали болките во мускулите. Во комбинација со кокосово масло, се добива лек кој се нанесува на газа и се става на болното место. Се покрива и се чува околу половина до еден час.

Артритис
За да ја намалите болката во зглобовите, може да користите масло од нане и шипка во комбинација со пчелин восок. Освен што ќе ја ублажи болката, ќе ви донесе и прекрасен мирис насекаде околу вас.

Киселини и варење
Подуеноста и подригнувањето се вообичаени последици од проблеми со варење и пироза. За таа цел, употребете комбинација од алги, нане, вода, глицерин, сода и анис.

Related Posts with Thumbnails