wordpress counter

Лептин диета

Доколку сакате да ги намалите килограмите, а притоа ви е многу тешко да се откажете од вашите омилени јадења, ова е диетата е за вас. Ќе можете да јадете сѐ што ќе посакате, само потребно е да се држите до петте правила на оваа диета. Многу светски познати ѕвезди ја должат својата совршена фигура токму на оваа диета. Таков пример е познатата Шерил Кол.

Што всушност значи лептин и како е поврзан со регулирањето на килограмите? Лептинот е хормон кој се ослободува од масните клетки. Тој испраќа сигнал до мозокот во моментот кога телото примило доволно маснотии и кога сме сити. Луѓето кои имаат проблем со вишок на килограми, најчесто се резистентни на овој хормон, што доведува до прејадување. Со нормално лачење на лептинот, мозокот добива информација кога сме сити и му помага на метаболизмот нормално да функционира, односно ни помага да останеме во форма.

Следете ги овие 5 правила за враќање на хормонот во нормала и за кратко време ќе забележите изненадувачки резултати, а притоа нема да добиете јо-јо ефект.

Правило бр. 1
Завршете ја вечерата најмалку три часа пред да си легнете и оставете 11-12 часа простор помеѓу вечерата и појадокот наредниот ден.

Правило бр. 2
Јадете 3 оброци дневно, со пауза од 5-6 часа помеѓу оброците и без грицки и меѓуоброци.

Правило бр.3
Не јадете големи оброци. Јадете здраво и престанете со јадење пред да се прејадете. На мозокот му се потребни 10 минути да заклучи дека сме сити.

Правило бр. 4
Јадете високо протеински појадок.

Правило бр. 5
Намалете со јаглехидратите, но не ги исклучувајте целосно од вашата исхрана. Доколку ги внесете за ручек во поголеми количини, тоа може да доведе до попладневно грицкање.

Related Posts with Thumbnails