wordpress counter

Лимон диета (1 дел)

Освен што помага за јакнење на имунитетот и внес на витамин Ц, лимонот е и еден од најдобрите чистачи на нашиот организам. Покрај тоа, овој плод носи виталност, енергија и витка линија.

Детоксикацијата со лимон, која ќе го исчисти организмот, подразбира внесување на поголемо количество на лимон. Оваа диета не е агресивна и мошне едноставна за примена. Оваа детокс-диета ја осмислил Стенли Бароуз. Позната е и под името „Master Cleanser“ или диета со лимонада.

Нејзината популарност постојано расте, поради откривањето на новите својства на лимонот во текот на годините. Тие се богати со флавоноиди, кои го смалуваат складирањето на маснотии кои се консумираат во текот на оброците. Поттикнува побрзо согорување и го намалува нивото на триглицериди и холестерол.

Како функционира оваа диета?

Диетата се базира на зголемен внес на лимон, а вклучува и овошје, мешунки, јаткасти плодови, зеленчук и семки. Покрај губењето на килограми (што не е најважна цел на оваа диета), ќе ви се врати и енергијата и виталноста, кои се изгубени поради неправилниот начин на живот. Темелот на диетата е цеден лимон, многу вода, редовни оброци и меѓуоброци.

Во следниот дел очекувајте рецепт за детокс-лимонада и предлог мени за лимон диета.

Related Posts with Thumbnails