wordpress counter

Лимон диета (2 дел) – предлог мени

Лимон диетата се базира на зголемено внесување на лимони во исхраната. Меѓутоа, оваа диета не е монодиета која се потпира на една главна состојка. Покрај лимонот, се препорачуваат и овошје, зеленчук, јаткасти плодови и мешунки. Во овој дел од статијата ви претставуваме рецепт за детокс лимонада и предлог мени.

Детокс лимонада

• 1 лимон
• 300 мл вода
• 1 стапче цимет
• малку чили
• 1 мала лажица мед

Предлог мени

Појадок
• 1 дл лимонада
• 1 јаболко
• 1 круша
• light јогурт
• 1 рака јаткасти плодови по избор (ореви, бадеми, лешници)
• 100 гр шумско овошје (боровинки, црни рибизли, малини, јагоди)

Ужина
• 1 дл лимонада
• 1 банана
• 1 рака семки (сончоглед или тиква)

Ручек
• варени мешунки со исцеден лимон и маслиново масло
• 1 дл лимонада
• 1 рака сушено овошје

Вечера
• риба на скара
• варен зеленчук (морков, блитва, спанаќ, брокули)
• 1 дл лимонада

Related Posts with Thumbnails