wordpress counter

Лошиот холестерол се плаши од јогурт

Јогуртот, освен што е вкусен продукт кој можете да го консумирате во текот на целиот ден, туку се покажа и дека може да го продолжни нашиот престој на планетата. Доказ за тоа се истражувањата во земјите каде млекото и јогуртот се дел од секојдневната исхрана.

Јогуртот е ферментиран млечен продукт кој се приготвува со додавање на бактериски култури во млекото, кои ја трансформираат лактозата од млекото во лактална киселина. Тој процес му го дава освежителниот, киселкаст вкус на јогуртот и неговата густа текстура.

Покрај тоа што е одличен извор на калциум, фосфор, витамин Б2, цинк, калиум, протеини и јод, јогуртот е и еден од најдобрите борци против лошиот холестерол или попознат во стрчуната литература како ЛДЛ холестерол.

Дневна консумација од само 100 мл пробиотски јогурт далекусежно ја менува сликата со состојбата на холестеролот. Го намалува нивото на лош холестерол и во исто време го зголемува нивото на добар холестерол, особено кај жените.

Во прилог на ова тврдење оди и едно истражување кое е направено кај 20 жени, кои биле поделени на две групи. Едната група консумирала обичен јогурт 2 седмици, додека другата пробиотски јогурт во истиот период. И кај двете групи е утврден осериозно намалување на нивото на лошиот холестерол, но разликата е во тоа што тие што пиеле порбиотски јогурт имаат и зголемување на нивото на добриот холестерол, додека кај другите тој останал на исто ниво.

Related Posts with Thumbnails