wordpress counter

Лутата храна може и да лекува

Често знаеме да кажеме дека лутата храна и зачините ни го отвораат апетитот. Покрај тоа, овие продукти се користат и за лекување на најразлични состојби. Лутатата пиперка се користи за олеснување на болките кај артритис и дијабетес, а најлутите варијанти (чили, халапењо, хабанеро) содржат капсаицин, состојка која го поттикнува уништувањето на клетките на карциномот на простата.

Лукот содржи силни антиоксиданси кои ги неутрализираат слободните радикали и делуваат против ракот. Покрај тоа, лукот има состојки кои делуваат на зајакнување на имунолошкиот систем. Пиперките и лукот може да се користат и во борба против инфекции.

Мажите од белата раса и јапонските жени кои сакаат да ослабат, треба пред оброците да јадат феферони, затоа што тие го намалуваат апетитот и го смалуваат вкупниот внес на калории.

Совет: не претерувајте со лута храна затоа што тоа може да го зголеми лачењето на желудочна киселина, да го зголеми ризикот од крварење и драстично да го намали делувањето на аспиринот.

Related Posts with Thumbnails