wordpress counter

Мириси кои го отстрануваат уморот

Често се случува да се чувствуваме уморни, безволни и да немаме енергија за секојдневните обврски. Дел од решението за овие проблеми може да се најде во ароматерапијата.

На пример, мирисот од рузмарин ја поттикнува циркулацијата, лимонот освежува, а лавандата ги буди сите сетила. Ако станува збор за благ умор, тогаш употребете етерични масла од цитрусно овошје кое делува смирувачки и го намалува стресот. Од друга страна, мирисот на бор и смрека има ревитализирачко влијание.

Ако саката повеќе енергија, би требало да се употребат масла од бор, еукалиптус, лимонска трева или жалфија. Маслата од цимет, каранфилче, босилек и црн бибер ја зголемуваат будноста без прекумерна стимулација на телото, додека мирисите од мента, ѓумбир и чемпрес ја надополнуваат енергијата.

СОСТОЈКИ
● 5 капки рузмарин
● 10 капки лимон
● 5 капки лаванда

Се мешаат сите етерични масла и се добива микс против умор. Се додава дел од миксот во лажица морска сол и потоа се додава во купка. Или може да се меша со 50 мл масло од макадамија и сусам и потоа да се масира телото. Може да се додава и во уредот за освежување на простории.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Спанаќ – измислен за комбинирање

Спанаќот е еден од највкусните лисести зеленчуци. Има потекло од Азија, но денес е дел од речиси сите светски кујни...

Close