wordpress counter

Мит или стварност: Зависност од храна

Иако луѓето често зборуваат дека се зависни од некој вид храна или состојка за јадење, сепак тоа најчесто се поврзува со чоколадото. Сериозноста на оваа претпоставка е проверена во истражување кое е објавено во списанието „Archives of General Psychiatry“.

Во ова истражување учествувале 40 жени со различна телесна маса, на кои им е скенирана мозочната активност откако им е ветено дека ќе добијат вкусен чоколаден шејк или нискокалоричен безвкусен пијалак.

Испитаниците кои очекувале вкусен чоколаден пијалак имале засилена мозочна активност, која се поврзува со зависност од алкохол или дрога, додека кај другата група, многу поспора активност на мозокот. Исто така, оние учесници кои покажале висока склоност кон зависнот од храна, имале многу поголема мозочна активност.

Истражувањето е спроведено со цел да се разјасни зошто определени личности не се во состојба да одржат нормална телесна тежина и покрај тоа што многу се трудат околу тоа.

Related Posts with Thumbnails