wordpress counter

Најчести митови за здравата храна (1 дел)

Во време кога буквално сме бомбардирани од безброј експерти за исхрана, понекогаш е тешко да се одвојат корисните од некорисните или погрешните совети. Ние одлучивме да демистифицираме 5 од тие митови кои се длабоко врежани во нашата свест.

1 Храната без масти е поздрава варијанта
Иако, долги години разни експерти се обидуваат да докажат дека ова е маркетиншки трик, резултат нема. Голем број од купувачите сметаат дека со купување на т.н „Light“ верзија придонесуваат повеќе за своето здравје. Мајонези и други слични сосови и намази, природно во себе содржат повеќе масти. Ако производителот се реши да ги отстрани тие масти, тогаш вкусот ќе биде мизерен. Кај „Light“ верзиите, мастите се заменети со шеќери и други засилувачи на вкусот. Затоа и велиме дека е трик. Таа варијантна дури може да биде и понездрава отколку обичната.

2 Салатата е поздрава од хамбургерот
Овој мит е само делумно точен. Имено, ако купувате салати кои се подготвени од замрзнато овошје или зеленчук и на кои им додавате разни дресинзи и сосови и преливи за салати, тогаш таа опција може да биде полоша и од хамбургер. За споредба, еден „Big Mac“ има 540 калории и 1.040 милиграми сол, додека пилешката салата со дресинг, од истиот ресторан (претпоставуваме дека знаете за кој ресторан зборуваме), има 530 калории со 1.260 милиграми сол.

Related Posts with Thumbnails