wordpress counter

Најчести митови за здравата храна (2 дел)

Оваа статија е посветена на бројните митови кои постојат во исхраната и еден вид на наш придонес во отстранување на оние митови кои не се точни или погрешно се толкуваат. Во првиот дел зборувавме за храната без масти и за односот хамбургер-салата. Сега ќе преставиме уште три полувистинити митови.

3 Свежото овошје е поздраво од сушеното овошје
Овој мит држи вода само порради еден факт: доколку јадете свежо овошје поради витаминот Ц. Во споредба со сѐ останато, сушеното овошје е подобар избор од свежото. Иако на некои ќе им звучи како ерес, но дневната потреба од 5 парчиња овошје може да се покрие со само 5 лажици различно сушено овошје. Сушеното овошје ги содржи истите количини на нутритиенти како и „обичното“ овошје.

4 Подобро е 6 помали, отколку 3 поголеми оброци на ден
Ова е една од оние работи кои одлично функционираат во теорија, но не и во праксата. Се покажало дека повеќето луѓе имаат проблем со котролирање на големината на оброците, а тоа во превод значи 6 големи, наместо 3 големи оброци на ден. Затоа, стручните лица предлагаат повеќе да внимавате што јадете, а не да гледате колкав е оборокот.

5 Брзата храна е лоша за здравјето
Ако се држиме до старата мудрост дека во сѐ треба да се биде умерен, тогаш брзата храна не би требало да претставува проблем. Нема ништо лошо ако повремено се дозволите хамбургер, пица или некоја слична храна. Секако, освен во случај на посериозна болест кога не смеете да конумирате таков тип на храна.

Related Posts with Thumbnails