wordpress counter

Најдобра храна за оваа зима (1 дел)

Секоја сезона си носи свои продукти во кои можеме да уживаме. Иако, во зима, повеќето продукти не се достапни, постојат здрави опции кои би посакал да ги консумира секој кој се грижи за себе. Еве го сиписокот на сезонски продукти за кои вашиот организам ќе ви биде благодарен.

Тиква
Тиквата нуди навистина посебен и неповторлив вкус. Може да се подготви варена, печена, во пире. Претставува одличен извор на витамин А во форма на бета-каротен, кој е моќен антиоксиданс.

Прокељ
Овој зеленчук содржи 50% повеќе витамин Ц отколку портокалот. Само 4-6 плода се доволни за да се внесе потребното дневно количество на витамин Ц. Меѓу другото, одличен извор е на диететски влакна, витамин К и магнезиум.

Грејпфрут
Киселкаст и со јак мирис, грејпфрутот е одлично зимско овошје. Не само што е полн со витамин Ц, туку и со ликопен, за кого е веќе докажано дека има анти-канцер способности. Со големо количество на флавоноиди и фитонутритиенти, грејпфрутот си го заслужува местото во овој список.

Зелка
Зелката, особено виолетовата, е зимски извор на здрава храна. Полна со витамин А, Б6, Ц и К. Присуството на глутамин и антоцијанин ѝ дава и анти-воспалително дејство. Едноставно, плод кој мора да го има во секоја куќа.

Костени
Најпознатата божиќна храна е одличен избор на Б витамините како и калиум, бакар и магнезиум. Добри се и за сезоната на грипови и настинки и за секој физички активен човек.

Related Posts with Thumbnails