wordpress counter

Најдобра храна за оваа зима (2 дел)

Во првиот дел наведовме неколку типови на плодови и храна, кои се карактеристични за зимските месеци. Продолжуваме со уште 4 плода, за да го комплетираме здравото зимското мени.

Слатки компири
Обично имаат жолт или портокалов плод и секако многу повеќе хранлива вредност во споредба со обичниот компир. Ги карактеризираат малку калории и речиси немаат масти. Покрај тоа, содржат и значително количество на минерали и витамини – витамин А, Ц и Б6, калиум и манган.

Праз
Заедно со кромидот и лукот, празот е дел од иста фамилија зеленчуци, кои се богати со фитонутритиенти кои нѐ штитат од бројни болести. Празот е полн со полифеноли, кои ги штитат крвните садови. Заедно со витамините А, Б6, Ц и К, како и железото, празот е достоен претставник на зимските плодови.

Репка
Кога станува збор за репката, особено се важни нејзините зелени листови. Една шолја од нив нѐ снабдува со 100% од дневната доза на витамин А, 55% од витаминот Ц, 27% од фолати и околу 10% од потребното количество на калциум и манган. Листовите од репката се еден од најсилните антиоксиданси кои ни ги подарила природата.

Лук
Кога станува збор за нашето здравје, лукот е крал на змиските плодови. Веќе ни е познато дека овој плод може да делува превентивно при срцеви болести и рак. Има и анти-воспалително, па дури и анти-инфекциско делување. Дефинитивно, лукот е една од оние супер храни кои нѐ штитат од најопасните болести.

Related Posts with Thumbnails