wordpress counter

Најдобри еднодневни диети

Еднодневните диети можат да ни помогнат постепено да ги промениме нашите лоши прехранбени навики и да изгубиме по некој килограм. Рецептите во продолжение се здрави и врамнотежени.

Ден за пилешко месо и аспарагус
Појадок: две лажици овесни снегулки измешајте ги со 4 лажици ниско калорично млеко и оставете ги преку ноќ. Наутро, додадете уште 150 мл јогурт и неколку парчиња овошје (манго, киви…)

Ручек: во алуминиумска фолија замотајте 120 гр пилешко филе и печете 20 минути на 180 степени. Сварете неколку аспарагуси, исечкајте ги на коцки и сервирајте со еден домат и неколку капки оцет и маслиново масло.

Вечера: во вода во која претходно сте ставиле кора од два лимона, сварете 500 гр аспарагус. Исечкајте го на парчиња, зачинете со смеса од јогурт, магданос, сол и бибер и додадете 50 гр шунка насечкана на коцки.

Ден за тестенини и салата
Појадок: едно парче интегрален леб со 30 гр свежо сирење, кое може да го полиете со една голема лажица сок од портокал.

Ручек: сварете интегрални тестенини (60 гр) и потоа во водата ставете 150 гр спанаќ и варете само две минути. Исечкајте го спанаќот и пропржете го со кромид, сол и бибер. Сервирајте како додаток кон тестенините.

Вечера: сварете половина порција интегрални тестенини и измешајте ги со ситно насечкан домат, половина пиперка, маслиново масло, оцет, сол и бибер. Додадете неколку прстени кромид и рукола.

Ден за компири и зеленчук
Појадок: оставете 1 лажица овесни снегулки со 2 лажици млеко да отстојат преку ноќ. Наутро, послужете со 200 гр јагоди и 100 гр свежо сирење.

Ручек: пригответе вариво од 400 мл супа, 2 млади кромида, 100 гр морков, 50 гр целер, 200 гр компири и 100 гр келераба. Зачинете со мускатно оревче, ѓумбир и свеж магданос.

Вечера: пресечете на половина околу 300 гр компири, премачкајте ги со маслиново масло иставете го во сад за печење. Печете 20 минути на 180 степени. Во меѓувреме, пригответе салса од 150 гр ротквици, 100 мл јогурт, 2 лажици сечкан лук, сол и бибер.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Тест за прехранбена интелигенција

Овој тест го осмислила британската докторка и научник Џилијан Мекејт која е директорка на угледна лондонска клиника. Нејзините пациенти се...

Close