wordpress counter

Најдобри растенија за слабеење и детоксикација (1 дел)

Голем дел од растенијата во природата ни помагаат во детоксикацијата на организмот, го поттикнуваат метаболизмот, го намалуваат апетитот и помагаат при слабеење. Во продолжение наведуваме неколку такви растенија.

Коприва
Листовите и коренот на копривата се неизоставен дел на чаевите и растителните капки за чистење на крвта. Ја поттикнуваат работата на црниот дроб, го намалуваат уделот на мастите во крвта и ја засилуваат циркулацијата. Копривата овозможува полесно варење на храната и топење на жолчниот песок и камен.

Мента
Ова растение има примамлив, освежителен мирис на ментол, кој во растението го има најмалку 40%. Ментата му дава пријатен вкус на чајот, а помага и кај метаболизмот. Интересно е дека помага и при состојба на гастритис со тоа што ја намалува надуеноста и грчевите.

Бозел
Цветовите на бозел делуваат како диуретик и имуностимулатор. Покрај тоа, мирисот и вкусот на бозел одлично се вклопуваат во чајните миксови и овозможува детоксикација и слабеење со зачувување на имунитетот. Овозможува чистење на организмот преку почестото потење, но не грижите се, затоа што тоа потење не е претерано.

Коморач (замена анис, коријандер или ким)
Плодовите на коморач, со своите етерични масла помагаат при надуеност, гастритис, болки во желудникот, црниот дроб и жолчката. Помагаат при варењето на масна храна.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Честит 11-ти октомври!

Ако ги подредуваме најзначајните датуми во нашата историја, тогаш 11-ти октомври се наоѓа во самиот врв и е само потврда...

Close