wordpress counter

Најдобри растенија за слабеење и детоксикација (2 дел)

Во првиот дел ги споменавме коприва, бозел, мента и коморач. И денес ќе наведеме неколку растенија и тревки кои не само што ќе ви помогнат во детоксикацијата на организмот, туку и во намалување на телесната тежина.

Камилица
Цветовите на камилица имаат против-воспалително дејство. Етеричното масло помага при гастритис и хепатитис. Го поттикнува потењето, помага во метаболизмот, при надуеност и мачнини. Камилицата има и благо седативно влијание. Делува при стрес, глад, нервоза, а го смирува и сонот.

Боровница
Листовите на боровница содржат поголема количина миртилин, лековита супстанција која го регулира нивото на шеќер во крвта и го поттикнува комплетниот метаболизам.

Хибискус
Цветовите на хибискусот содржат овошни киселини и витамин Ц. Во овој случај, тој доаѓа како коректура на вкусот, мирисот и убавата црвена боја на чајот. А и на организмот нема лошо да му дојде ако внесеме повеќе витамин Ц.

Смрека (клека)
Плодовите на смреката ја засилуваат циркулацијата, работата на бубрезите и црниот дроб. Најдобро е да се приготви чај од плодовите или да се консумираат како растителни капки. Со подобра циркулација побрзо ги исфрламе отровите од крвотокот, односно организмот.

Совет плус: покрај шолја чај од овие состојки, важно е да се консумираат и растителните капки. Сепак, сè зависи од вашиот матичен лекар и фитотерапевт и секако дијагнозата која ја имате. Здравјето не бара многу, а го прави квалитетен нашиот живот. Размислете за тоа.

Related Posts with Thumbnails