wordpress counter

Најдобро време за вежбање, јадење, работа и секс

Најдобар начин да се одреди најдоброто време за вежбање, исхрана и одмор, е да се слуша сопствениот телесен часовник. Тој се состои од збир на нервни клетки, кои се обликувани во форма на латиничната буква В во хипоталамусот.

Како работи телесниот часовник?
Телесниот часовник прима светлосни сигнали, ги обработува и ги испраќа во епифизата и хипофизата, каде се поттикнуваат хормонални процеси кои влијаат на бројни органи. На тој начин, се утврдува најдоброто време за јадење, работа, спорт и секс.

Најдобро време за вежбање
Сепак, според бројни стручни истражувања, доцна попладне или рана вечер е најдоброто време за вежбање. Во тоа време телото е оптимално загреано, мускулите се опуштени, а зглобовите полесно се виткаат.

Најдобро време за работа
Претпладне е период кога мозокот работи најдобро. Хормонот кортизол осигурува ментална острина и мотивација за работа. Периодот помеѓу 10-12 часот е период кога треба комплетно да се посветите на работата или учењето.

Најдобро време за секс
Касно навечер е топ период за секс. Во тоа време либидото е на врвот, поради најголема концентрација на тестостерон. Паровите кои сакаат дете, треба да практикуваат секс наутро.

Исхрана
Ако внимавате на тежината, утрото е најважниот период за консумација на храна. Имено, телото подобро ги согорува калориите кои се внесени наутро. Храната која ја јадеме навечер, во најголем дел, се претвора во масти. Магичниот рецепт е следниот: голем појадок, лесeн ручек и вечера.

Останати совети:

• Толеранцијата кон болка е најголема помеѓу 13-15 часот
• Најголема отпорност кон грип и настинки имаме навечер, поради тоа што нивото на бели крвни зрнца е највисоко
• На спиење да се заминува секој ден во исто време
• Доколку сакате да бидете продуктивни, цел ден клучот лежи во попладневната „дремка“

Related Posts with Thumbnails