wordpress counter

Најлековитите чаеви (5 дел)

Со овој 5-ти дел го завршуваме серијалот со најлековити чаеви и нивната примена. Се надеваме дека ги опфативме повеќето од болестите со кои се сретнуваме и ние и нашите блиски и пријатели. Денес ќе ги претставиме чаевите од глуварче, даб, вркута и микс чаеви.

Дијабетичари: чај од глуварче
Една лажица иситнет корен од глуварче се става во два децилитри студена вода. Се вари на умерена температура, сѐ додека не изврие и потоа се остава да отстои околу 15 минути. Дневно се пијат една до две шолји незасладен чај.

Воспалување на јајниците: чај од даб
Една мала лажица издробена кора од млади желади се прелива со вода која врие. Се остава да отстои 10 минути. Процедете и пијте една до две шолји дневно.

Гинеколошки проблеми: чај од вркута (бисерок, моминска наметка)
Две мали лажици сушени листови на бисерок се преливаат со шолја зовриена вода. Се остава да отстои 10-тина минути и потоа се процедува. Чајот се пие по потреба. Со редовна употреба на овој чај ќе го решите проблемот со засилен вагинален секрет.

Ендометриоза: мешавина од чаеви
Измешајте 50 грама ајдучка трева, невен и коприва и прелијте со два децилитри врела вода. Оставете да се излади и пијте два пати дневно по една шолја.

Related Posts with Thumbnails