wordpress counter

Најнездравата морска храна

Морската храна секогаш ја земаме за здрава храна. Меѓутоа, како резултат на загадувањето на животната средина, некои видови на оваа храна станаа нездрави за консумација. Секако, треба да се има предвид и начинот на нејзино приготвување, затоа што тогаш се губат многу од нејзините важни својства.

Во продолжение, наведуваме список на морска храна која не е добра за консумирање.

Риба од рибници
Овие риби се многу по контаминирани отколку рибите кои живеат во свето природно живеалиште. Содржат поголемо количество пестициди, како и полихлоринат бифенил, кој се користи кај трансформаторите и останата еликтрична опрема која се користи кај рибниците.

Чорба од школки
Оваа густа и кремаста супа се лепи за вашето тело. 240 грама (една порција) од супата има преку 300 калории, од што 43% се масти. Содржи и 910 мг натриум и 13% од дневната доза на холестерол. Значи, чорба од школки – никако на вашето мени.

Сирови остриги
Остригите имаат во себе многу цинк, но загадувањето на морињата прави лошото да натежне во споредба со доброто. Имено, остригите во себе кумулираат високо ниво на токсини. Покрај тоа, содржат и органски компоненти, кои можат да се најдат во органи за прочистување на телото. Готвените остриги се многу посигурна варијанта.

Related Posts with Thumbnails