wordpress counter

Најважните работи за вашата тежина (1 дел)

Постојано сме изложени пред предизвикот да ја одржиме нашата телесна тежина во границите на нормалата. Но, треба да имаме предвид дека постојат и причини за кои честопати и не сме свесни дека делуваат врз нашата тежина. Овој текст е обид да синтетизира некои од помалку познатите факти кои се однесуваат на тежината.

Генетска предиспозиција
Научниците сериозно сметаат дека постојат гени на „дебелина“ и дека можеби се повеќе и од 100. Секој од нив додава по некој килограм на едно или на друго место. Но, секако дека има и решение за оваа состојба. Вежбање и тоа многу вежбање.

Можете да го промените метаболизмот
Според направените истражувања, доколку качувате тежина, тогаш се случуваат метаболитички промени кои прават сѐ потешко да се топи вишокот масти. На тој начин се влегува во маѓепсаниот круг  – колку повеќе добивате на тежина, толку потешко станува да се намали тежината. Но, важно е дека со правилна исхрана и физичка активност може да се промени метаболизмот.

Стресот дебелее
Стресните ситуации прават вашето тело да бара повеќе јаглехидрати и на тој начин се смируваат хормоните на стресот. Денешниот стрес прави неискористените калории да се акумулираат околу половината. Часови јога или, уште подобро, убави моменти поминати со семејството, ќе ве ослободат од напнатоста.

Related Posts with Thumbnails