wordpress counter

Најважните работи за вашата тежина (2 дел)

Во првиот дел наведовме некои од најважните факти кои се важни за одржување на потребната телесна тежина. Продолжуваме со уште неколку информации кои треба да ги имаме предвид.

Повеќе сон
Еден од најдобрите американски доктори, Луис Арон, смета дека повеќе сон е многу подобар избор за намалување на телесната тежина отколку диета или строга програма за исхрана. Лишувањето од сон делува на хормоналната рамнотежа. Притоа, се намалува лептинот (што ви помага да се чувствувате сити) и се зголемува грелинот кој го активира гладот. На тој начин се чувствуваме гладни иако не сме.

Тежината на вашиот љубовен или брачен партнер
Некои од студиите преземени со цел да го истражат ова прашање откриле дека ако еден од партнерите е дебел, другиот има за 37% поголема веројатност да биде со зголемена телесна тежина. И обратно.

Вирус може да предизвика здебелување
Матичните клетки, кога се нападнати од вирус, се претвораат во масни клетки. Вирусот го зголемува бројот на масни клетки, како и количината на мастите во самите клетки. Веројатно не е далеку денот кога ќе има вакцина против дебелината.

Related Posts with Thumbnails