wordpress counter

Најздравите продукти на светот: Краставица

Периодов, нашите маркети и зелени пазари се преплавени со краставици. Овој зеленчук спаѓа во групата на најздрави продукти на светот. Покрај тоа, краставицата е вкусна и може да се комбинира со многу други продукти и јадења.

Основни карактеристики
Достапност: преку целата година
Рок на траење: 10-тина дена во фрижидер

Краставицата е богата со хранливи материи, брзо заситува и има многу малку калории. Претставува одличен начин за слабеење. Покрај тоа, таа содржи и фитонутритиенти, кои помагаат во смирување на надразнетата кожа и смирување на отоци.

По својот состав, краставицата е многу слична на силициум диоксид, минерал кој е составен дел на колагенот. Токму затоа се препорачува сокот од краставица за освежување на тенот и за здрава кожа. Содржи и високо ниво на вода, што ја прави природен извор на хидратација. Одлична е за подочници и како лек против изгореници.

Краставицата е добар извор на калиум, магнезиум и диететски влакна. Во неа има и фолна киселина и витамин Б – сѐ што е неопходно за здраво срце. Ако ги споменеме и манганот и витаминот А, кој ги уништуваат слободните радикали – добиваме комплетна слика.

Совет при купување
При избирањето на краставиците, тие треба да бидат цврсти, без оштетувања, со кружни краеви и со зелена боја. Сувите и набрани краставици не треба да се купуваат, бидејќи имаат загубено голем дел од водата.

Related Posts with Thumbnails