wordpress counter

Најздравите светски кујни (1 дел)

Здравјето е едно од најбитните животни прашања, на кое свесно може да делуваме. Особено со помош на начинот на исхрана. Овие неколку дела од статијата се посветени токму на влијанието на храната врз здравјето. Се запознаваме со светските кујни кои имаат најпозитивно делување врз здравјето.

Медитеранските кујни се меѓу најздравите во светот. Грчката кујна е омилена помеѓу докторите. Се состои од маслиново масло, риби богати со омега-3 масни киселини, лиснат зеленчук, интегрални житарки и свежо овошје. Покрај ова, грците консумираат и мали порции месо и секако лук.

Според истражувањата на Харвард, интересно е дека помеѓу оние кои се на медитеранска исхрана, стапката на смртоност од рак и срцеви заболувања е 25% пониска. Овие луѓе многу малку се дебелеат и побргу се заситуваат.

Италијанската храна е поеднакво здрава како и грчката. Во неа повеќе проевладуваат доматите, босилекот, ориганото и магданосот. Доматите изобилуваат со ликопен, кој штити од канцерогени заболувања. Зачините се богати со витамин А и Ц, додека маслиновото масло ги согорува маснотиите и го штити срцето.

Секако, љубителите на италијанската храна треба да бидат внимателни со консумацијата на сирењето. Тоа е честа состојка на италијанските специјалитети, но никогаш не се претерува со количината. Така треба и ние да правиме.

Related Posts with Thumbnails