wordpress counter

Најздравите светски кујни (2 дел)

Во првиот дел споменавме две од медитеранските кујни – грчката и италијанската, кои спаѓаат во најздравите светски кујни. Денес, тој список ќе го надополниме и ќе разбереме дека ако се здрави специјалитетите, не значи дека не се вкусни.

И шпанската кујна има свои добри страни. Имено, шпанците неуморно консумираат морски плодови, зеленчук, ориз и маслиново масло. Ако пробате гаспачо (вкусна супа од домати, друг зеленчук, пченка и двопек) веројатно ќе се вљубите на прв залак. Паељата е тесто украсено со морски плодови, ориз и зеленучук и нормално симфонија за вашите непца.

Мексиканската кујна е сочна, лута, солена и калорична. Секако, мексиканците имаат многу оброци кои влегуваат во здрави оброци, како грав, пченка, пиперки и домати. Ако не можете да оддолеете на мексиканското топено сирење, тогаш консумирајте го умерено.

За Јапонија знаеме дека е земјата со најмногу 100-годишни луѓе. Но, кај нив не е сѐ во видовите на храна, туку и во стилот на хранење и големината на оброците. Нивна главна филозофија е: „Јади додека не се почувствуваш 80% сит.“ Останатото е резултат на консумација на морски плодови, алги, шитаке печурки и соја.

Некои кујни во светот, иако не влегуваат во списокот на најздрави кујни, сепак имаат специјалитети кои се мошне добри за нашиот организам. На пример, антиканцерогената супа од Тајланд или некои индиски специјалитети. Но, за тоа во друга прилика.

Related Posts with Thumbnails