wordpress counter

Навики кои ве прават подебели

НАВИКИ КОИ ВЕ ПРАВАТ ПОДЕБЕЛИЧестопати сме биле во ситуација да се прашуваме зошто не ни се намалува телесната тежина и покрај тоа што држиме диета и вежбаме. Следниов список е обид да ги синтетизира оние навики кои придонесуваат во зголемувањето на телесната тежина. Размислете добро кои од следниве работи ги правите и обидете се да ги замените или отстраните, со цел да ја достигнете тежината која ја посакувате.

ДОЦНА ОДИТЕ НА СПИЕЊЕ
Заморот делува на способноста да се согорат јаглехидратите и го забавува метаболизмот. Поради тоа – легнувајте си порано.

КОМПЈУТЕР
Размислете колку често на своите блиски им праќате меилови, зборувате со нив преку Месинџер и Скајп или ги информирате по Фејсбук, наместо да отидете до кај нив или да се прошетате заедно. Поради таквото седење, може да накачувате по еден килограм годишно.

ЈОГА И ПИЛАТЕС
Јогата и пилатесот ги градат мускулите и го обликуваат телото, но за вистински да го согорете вишокот на калории потребно е да ги комбинирате со аеробик.

ПРЕОПТОВАРЕН ЦРН ДРОБ
Црниот дроб е главниот орган кој ги согорува мастите. Меѓутоа, ако долго време е изложен на токсини, како што е алкохолот, ќе се забави неговата работа. Затоа рафинираниот шеќер, храната богата со масти и алкохолот држете ги подалеку од вашата уста.

СТРЕС
Стресот помага во лачење на хормонот кортизол, кој му „говори на телото“ да ги сочува мастите, особено во пределот на стомакот. Еве една причина плус да одите на релакс масажа.

ПРЕСКОКНУВАЊЕ НА ОБРОЦИТЕ
Секој пат кога јадеме, метаболизамот се забрзува за 20-30% и така работи во следните два часа. Прескокнувањето на појадокот е најлошото од сите прескокнувања, бидејќи поради спиењето метаболизмот се забавил и останува така сѐ до првиот оброк.

ГЛЕДАЊЕ ТЕЛЕВИЗИЈА
Според истражувачите од универзитетот Тулејн во САД, пулсот, крвниот притисок и метаболизмот се забавуваат во текот на гледањето на телевизија толку многу што телото согорува за 20-30 калории на еден час помалку, отколку што согорува ако седиме мирно на кревет.

СЛАТКО И СОКОВИ
Пијалаците богати со фруктоза влијаат и на регулација на апетитот. Затоа, наместо овошен сок, подобро изедете некое свежо овошје. Ист е случајот и со слатките работи. Ќе ве заситат на кратко и потоа повторно сте гладни.

Related Posts with Thumbnails