wordpress counter

Не ми текнува…

Ако сакате да ја подобрите меморијата, не мора веднаш да се фаќате за апчиња и други хемиски производи. Ова го велиме поради тоа што природата е многу дарежлива кога станува збор за вакви продукти. Ова е еден наш обид да ви ги претставиме природните продукти кои ќе го успорат процесот на губење на меморијата.

Риба: туна, сардина, лосос, харинга и скуша. Докажано е дека еден оброк риба неделно го успорува заборавањето за 10%
Зеленчук: спанаќ, кељ, зелка, модар домат, брокула, прокељ
Фитохемикалии: антоцијанин и кверцентин – два многу силни антиоксиданси
Продукти со антоцијанин: боровници, брусница, јагода, грозје и зелка
Продукти со кверцентин: јаболка, кељ, кромид, домат, брокули, кајсии
Јаглехидрати: леб, тестенини, ориз, житарки, млеко и млечни производи
Фолна киселина: артичок, портокали, спанаќ и брокула.

Related Posts with Thumbnails