wordpress counter

Необични лекови против настинка

Со доаѓањето на есента и студените денови, се зголемуваат и шансите за настинка и грип. Покрај лековите, познати се и бројни народни „лекарства“ кои се пренесуваат од генерација на генерација. Ние одбравме неколку кои се навистина посебни и необични. Со оглед дека во текот на животот настинуваме околу 200 пати, можеби ќе ви помогне некој од овие „лекови“.

Топло пиво
Загрејте го пивото во длабок сад, сѐ додека не почне да испарува. Испијте го пивото и легнете. Кога ќе станете, би требало да бидете како нов/а.

Кисели јајца
Се матат 2-4 јајца, се додава малку сол и сок од еден цел лимон и овој пијалак полека се пие. Делува и кај настинка и кај грип.

Вино и лук
Црвеното вино содржи ресвератрол, кој делува ефикасно против настинката и грипот. Два децилитри црвено вино се мешаат со лук, кој претходно сте го пресувале. Измешајте и полека „уживајте“ во овој домашен пијалак.

Related Posts with Thumbnails