wordpress counter

Нов водич на „Харвард“ за здрава исхрана

Експерите за нутриционизам на „Harvard School of Public Health“ создадоа нов водич за здрава исхрана. Во продолжение следуваат најважните точки од таканаречната „Здрава чинија“.

Половина од чинијата за овошје и зеленчук
Колку повеќе бои и разноликост, толку подобро. Компирот не се смета како дел од зеленчукот, затоа што е богат со јаглехидрати и поради тоа има исто влијание врз нивото на шеќер и инсулин како и белиот леб и слатките. Поради тоа, на краток рок води кон глад, а на долг рок кон зголемена телесна тежина.

Четвртина од чинијата за интегрални житарки
Интегрално брашно, кафен ориз и храна добиена од нив како паста од интегрално жито имаат подобро влијание на шеќерот во крвта отколку белиот леб, белиот ориз и рафинирани житарки. Овде важи правилото: колку помалку процесирани, толку подобро.

Четвртина од чинијата за здрави извори на протеини
Тука мислиме на риба, пилешко месо, јаткасти плодови или мешунки. Тие содржат важни состојки како омега-3 и диететски влакна. Ограничете го внесот на црвено месо, свинско месо и избегнувајтe ги месните продукти како сланина, виршли, салами.

Употреба на здрави растителни масла
Тука спаѓаат маслото од маслинки, репа, соја, пченка, сончоглед, кикиритки. Можат да се користат за печење, пржење или за додавање во салати.

Вода, кафе и чај
Завршете го вашиот оброк со чаша вода или шолја чај или кафе. Ограничете го внесот на млеко и млечни производи на 1-2 мали количини дневно. Не пијте газирани пијалаци, ниту сокови со шеќер.

Бидете активни
Половина од тајната да бидете здрави и да имате добар физички изглед е да бидете активни. Втората половина од тајната е вашата чинија да изгледа токму како на фотографијата.

Related Posts with Thumbnails